6 причини зошто да немате секс со него!

0
791

Одлуката дали и со кого ќе спиете е ваше лично право но сепак треба да бидете сигурни дали сакате да бидете интимни со одбраниот маж, за да не се најдете во „изиграна“ситуација. Верувајте им на сопствените чувства и немојте да имате секс ако:

Се двоумите
Ако не сте сигурни дека сакате да имате секс, не се присилувајте. Уште повеќе не мора да го сторите тоа, ако човекот ментално или физички ве притиска.

Вие не сте на исто емоционално ниво
Ако вие барате секс за една вечер, а тој е од типот на мажи кои сакаат врски, не одете во кревет со него. Дури и ако однапред го предупредите, тој повторно ќе биде повреден затоа што едноставно размислува поинаку. И обратно! Ако сакате врска, а човекот сака само забава, не ризикувајте. На крај ќе бидете само емотивно скршена.

Пијана сте
Вие или тој сте испиле многу алкохол. Во оваа ситуација никој не прави правилни одлуки. И со заматена свест можете да го пропуштите користењето на кондом а тоа може да доведе до негативни последици.

Тој не сака да стави кондом
Колку и да ви објаснува дека не спие со други жени, дека не му е убаво со кондом или дека ќе доживее сто пати поголема наслада без заштита, никогаш ама никогаш не правете секс без кондом (освен ако не се работи за човек со кого вие сте заедно долго време и имате доверба).

Тој е поранешен дечко на твојата пријателка
Многу жени имаат „женски код“ да не одат / спијат со своите поранешни. На вашата пријателка нема да и биде пријатно а ниту пак вас ако дознае дека сте спиеле со нејзиниот поранешен дечко. Дали би го ризикувале вашето пријателство за еден страстен импулс?

Тој е претерано мистериозен
Мистериозното е секси, но да легнете со маж кој дури одбива да си го каже името, е вистинска непромисленост! Што ако тој е оженет? Ако има болест (без разлика дали спиете со кондом или не)? Премногу прашалници може да предизвикаат многу главоболки потоа.

Коментирај