6 навики кои можат да станат штетни по нашето здравје

0
776

Човек постојано се труди да биде здрав и среќен. Но во своите напори ние ризикуваме да одиме многу далеку а секое одење до крајност може да биде многу нездраво.
Eве неколку примери за тоа како најздравите навики можат да бидат штетни, кога ќе се претера со нив:

1. Физички вежби
На вашето тело не му е потребно повеќе од три-четири дена вежбање во неделата во текот на 30-45 минути и тоа вежбање треба да е насочено кон подобрување на срцевата активност. Аеробик треба да практикувате преку ден кој повремено треба да се менува со јога, пилатес и прошетки.

2. Избегнување на сонцето
На нашето тело му е потребен витамин D, за силни коски и за зајакнување на имунолошкиот систем. Единствениот начин за добивање на витамин D е преку сончевата светлина. Затоа не треба да претерувате со кремите за сончање. Единствениот дел кој секогаш треба да го штитите, е лицето.

3. Користење на антибактериски средства
Потребно е да носите во вашата чанта антибактериски сапуни и гелови, но прекумерната приврзаност кон овие средства може да ја ослабне способноста на вашето тело да се справи со бактериите.

4. Сон
Во просек на човек му требаат 8 часа спиење дневно. Ако спиете помалку од осум часа или повеќе тогаш вие не живеете поздраво. Прекраткото и предолгото спиење е штетно за кожата и предизвикува оток, состојба на збунетост и депресија.

5. Клима уреди 
Иако во тополите летни денови клима уредите ви даваат чувство на свежина, не треба да дишете ладен, преработен воздух цел ден и цела ноќ. Во него може да се содржат бактерии и микроби и секакви честички прашина. На секои неколку часа е потребно да се исклучува климата, да се отвора прозорецот и да се излегува надвор на свеж воздух.

6. Зависност кон овошје и зеленчук
Иако органските производи како овошјето, зеленчукот се поскапа храна, тие исто така можат да се покажат како силно обработени. Купувајте производи со етикети на кои има помалку адитиви, натриум и обработени јагленохидрати.

Коментирај