6 начини да го забрзате метаболизмот без напор

0
468

Метаболизмот се одредува во голема мера од генетиката, начинот на живот кој се води, полот, големината на телото, возраста. Факторите кои влијаат на тоа дали ќе дебелеете или слабеете побрзо или побавно зависат од тоа како вашето тело ги согорува калориите.

Некои промени во начинот на живот значително би помогнале  во забрзувањето на метаболизмот и побрзото согорување на масти, претворајќи ги во енергија. Не е потребно промените да бидат драстични, за да има резултат. Еве што треба да направите:

1. Намалете ја температурата во спалната соба
Спиењето во поладна спална соба го зголемува процентот на изгорените масти. Ова го покажуваат податоците на истражувањето од 2014 година на National Institutes of Health. Резултатите покажуваат дека спиењето на температура од 18-20 степени во текот на 1 месец дало поттик во метаболизмот на луѓето кои учествувале во истражувањето.

2. Пијте по 1-2 шолји кафе на ден
Истражувањата покажуваат дека кофеинот го стимулира метаболизмот и го намалува ризикот од дијабетес тип 2, ако кафето се пие чисто, без млеко и шеќер.

3. Намалете го нивото на стрес
Стресот е моќен фактор за метаболизмот. Колку повисоки се нивоата на стресот во организмот, толку побавен е метаболизмот. Стресот предизвикува натрупување на килограми и дури да сте го смениле  начинот на исхрана.

4. Цврсто спиење ноќе
Докажано е дека недостатокот на сон го забавува метаболизмот. Колку повеќе е здрав, непробуден и долготраен сонот, толку пооптимален е метаболизмот.

5. Правете вежби со тегови
Забрзувањето на метаболизмот зависи од додавањето на вежби со тегови во вашата секојдневна рутина. Важно е да се оди пеш по 30-40 минути или да се прави кардио, но исто така е важно да се креваат и малку тегови. Вежбите даваат моќен поттик на согорувањето на мастите.

6. Јадете нешто зачинето
Алкалоидот капсаицин од лутите пиперки и зачинетата храна, докажано ја зголемуваат телесната температура. Тоа го забрзува метаболизмот и го активира разградувањето на мастите.

Коментирај