6 грешки при онлајн средбите

0
355

Во последните години начинот до ново познанство многу се промени. Во денешно време скоро сите ние повеќе сме наклонети кон онлајн познанствата отколку запознавањата во живо. Со толку многу апликации и толку малку време, за да излеземе и да се гледаме со нови луѓе, онлајн средбите ни изгледаат како најдобар избор. Иако тие го променуваат начинот на кој ја наоѓаме љубовта, тоа не значи дека ги прават средбите полесни.

Еве и дел од најчестите грешки при онлајн состаноците:

1. Не излегувате од зоната на комфорот
Ако се плашите да разговарате на камера, многу тешко може да дојдете до средба во живо. Исто така многу луѓе се плашат да не бидат повредени па затоа избегнуваат да се регистрираат во љубовни апликации. Ова сигурно е лош пристап. Да, онлајн средбите можат да бидат опасни, но и традиционалните исто така. Нема смисла да не ги прифатите можностите, бидејќи се грижите да излезете од вашата зона на комфоротот.

2. Не го давате најдоброто од себе
Многу луѓе прават профили во сајтови и апликации за средби но сепак се жалат дека не добиваат доволно понуди за пријателства. Повеќето пати проблемот е во начинот на кој вие се презентирате себеси онлајн. Ако само пишувате основни информации, прикажувате здодевни фотографии, не е ни чудо зошто никој не се интересира за вашиот профил. Посветете внимание на она што го пишувате, како и фотографиите што ги поставувате.

3. Лажете
Иако споделувањето на малку информации за вас ќе ги одвратат потенцијалните заинтересирани луѓе, објавувањето на лаги или претставувањето во вештачка светлина исто така нема да ви направи услуга. Нема смисла да испратите лажна висина или тежина, бидејќи тоа ќе ве направи лажговци бидејќи сепак сè ќе излезе на виделина кога ќе се видите очи во очи.

4. Чекате некој да ве најде, наместо сами да барате 
Сегашните средби бараат сериозна работа и од двете страни. Времињата кога сте можеле да си дозволите да чекате „принцот на бел коњ“ да ве најде, ги нема. Сега треба активно да се борите и да го барате сами мажот кој ќе ве направи среќна.

5. Не посветувате внимание на она што сака другиот 
Понекогаш е потребно време додека најдете човек со кого имате слични интереси. Проверете дали на вашата потенцијалната средба и се допаѓаат работите кои што и вие ги сакате. Ако критериумите ви се совпаѓаат, испратете му/и порака.

6. Верувате
Кога зборувате со некого онлајн, склони сте полесно да се доверувате. Ова може да стане опасно и брзо да доведе до разочарување и скршено срце.

Коментирај