6 факти за машката сексуалност

0
667

За многу мажи женската сексуалност е една од најголемите мистерии. Разликите меѓу вагинален и клиторичен оргазам може да предизвика голем дел од господата да се почувствуваат збунети во однос на она што го знаат за женската сексуалност.
Исто како кај жените, машката сексуалност бара повеќе стимулирање, физички, но и емоционален контакт. Споделуваме 6 важни факти за мажите и сексот.

Машката G-точка постои
Слично на жените, мажите исто така имаат такво место лоцирано приближно меѓу ректумот и тестисите со големина на орев. Стимулацијата на точката овозможува простатата да биде допрена, што доведува до интензивен оргазам, без дури да се допира пенисот.
Ова е исто така познато како „масажа на простатата“, која е насочена кон машката G-точка.

Рефракторниот период може да трае од неколку минути до половина час и повеќе
Понекогаш по крајот на половиот акт, дамите се желни за уште милувања. За да го повторат актот и да стигнат до оргазам мажите имаат потреба од време. Тоа се нарекува рефракторен период. Во тоа време мажот не мисли за секс, тешко се возбудува, телото не реагира на стимулација и соодветно нема како да стигне до оргазам, додека овој период не помине.
Рефракторниот период може да потрае од неколку минути до половина час и повеќе, во зависност од возраста на мажот, неговата сексуална моќ и начинот на живот. Затоа дами покажете повеќе трпение.

Постојат неколку различни видови пениси
Иако знаеме дека пенисите се разликуваат еден од друг, исто како и вагината, постојат неколку основни видови форми на машкото достоинство. Тоа се:

„Бурито“ – Голем и дебел.
„Пенкало“- Како што сугерира името, овој пенис има форма на пенкало – рамно не многу дебело тело и остар врв.
„Кука“- Овој тип на пенис најчесто е малку искривен на врвот, на лева или десна страна. Иако искривувањето се забележува, обично тоа не претставува проблем, ако не е многу силно изразено.
„Чадор“- Познат е уште како пенис „сунѓер“ – со тенко и рамно тело и голема испакната глава.
„Банана“- Овој тип на пенис е потенок во основата се проширува накај средината и повторно се стеснува кон врвот.
„Маркер“- Овој тип пенис е широк во основата и постепено се стеснува кон врвот.

Просечната должина на пенисот во ерекција е околу 14-15 см
Според научниците овие податоци се усогласени со други истражувања за големината на пенисот. Според спроведеното истражување кое е објавено во „Journal of Sexual Medicine“, најмалиот пенис е долг 3,98 см, а најдолгиот речиси 26 см.

Оралниот секс го прави пенисот поголем
Оралните бакнежи не само што му овозможуваат неверојатно задоволство на господата, но исто така можат да ја зголемат големината на еректираниот пенис. До овој заклучок дојдоа научници и во нивната студија им се споменува дека имало разлика во сантиметрите на пенисот, кои биле поттикнати преку орален секс и другите кои се еректирани без слична стимулација.

„Неизбежната ејакулација“ е вообичаена
Повеќето мажи неизбежно стигнуваат до оргазам по одредена стимулација. Во истражувањето објавено во „Journal of Sex Research“, истражувачите го измислиле терминот „неизбежна ејакулација“ за да се опише овој феномен, ако може така да се нарече. Тие откриле дека 75% од мажите достигнуваат оргазам после две минути или по малку мастурбација.

Коментирај