5 знаци дека ви недостасуваат витамини

0
673

Сакате да дознаете дали примате доволно витамини? Само погледнете се во огледало! Лицето ви е како карта на вашата здравствената состојба и по него лесно можете да дознаете какви хранливи материи и витамини ви недостасуваат.

Бледа кожа
Многу малку луѓе можат да се пофалат со убав тен во крајот на зимата, но ако лицето е побледо од обично, тоа покажува дека ви недостасува витамин Б12. За да се снабдите со витамин Б12, треба да јадете повеќе месо и морска храна.

Сува коса
Сувата коса полна со првут, е знак дека ви недостасува биотин, уште познат како Б7. Овој недостаток често се добива по земањето на антибиотици. За да го зголемите нивото на Б7, треба почесто да јадете месо, овошје, зеленчук, печурки и мешункасти плодови. И барем за некое време треба да заборавите диетите.

Отечени очи
Ако областа околу очите ви е подуена или пак забележувате отекување на екстремитетите и прстите, можеби ви недостасува јод. Најпопуларниот извор на јод е јодираната сол, но можете да го најдете овој елемент и во морските плодови (јастози, ракчиња, алги), млечните производи па дури и во лебот.

Безбојни усни
Бледите усни се знак дека ви недостасува железо. Нискиот крвен притисок и честите настинки исто се знак за овој недостаток. За да го одржувате здравјето и нормалните нивоа на железото во организмот, треба да се храните повеќе со црвено месо и за некое време да се откажете од храните кои содржат високи нивоа на калциум.

Непца што крварат
Ако вашите непца крварат тоа може да покажува дека имате недостаток на витамин Ц. Ниските нивоа на овој елемент може да доведат до ослабен имунолошки систем, болки во мускулите и проблеми со забите. Најраспространетите извори на овој витамин се цитрусови плодови и црвените пиперки.

Сите овие симптоми може да укажуваат на недостаток на доволно витамини, но проблемот може да биде и покомплексен, па затоа е најдобро да се консултирате со лекар.

Коментирај