5 знаци дека сте токсичен човек

0
706

Песимистите и оние кои секогаш се жалаат, се меѓу најпознатите токсични луѓе. Дали навистина сакате да сте едни од нив? Токсичниот човек е човек кој сам се труе и сам си предизвикува штета. Можеби вашите дејствија и одлуките кои ги земате, се повеќе негативни отколку што мислите. Затоа денес сакаме да ги откриеме петте знаци кои покажуваат дека сте се претвориле во токсичен човек.

1. Останувате со човек кој ве повредува
Зошто држите до себе човек кој ви носи толку штета? Ако дозволите тоа да се случува, вината не е тој овој човек туку ваша! Можеби тој човек нема желба да го продолжи животот со вас, можеби не сте компатибилни или едноставно не ја споделувате истата визија за светот или истите вредности. Иако тој човек ве презира, вие продолжувате да го држите до себе. Кога се однесувате на овој начин, вие сте токсичен човек. Можеби не кон другите, но сигурно кон себе. Вие не се грижите за себеси и не се браните од оваа токсичност, со која ви е „натопена“ вашата врска. И што е уште полошо го браните човекот до себе, кој знаете дека ве уништува.

2. Се обвинувате за грешки
Никој не е идеален и сите правиме грешки. Затоа е важно на нив да се гледа како можности да продолжиме напред и да учиме. Ако не можете да го направите тоа и постојано се самообвинувате за грешките од минатото, вие се повредувате сами себе и неможете да продолжите напред. Очигледно сте станале перфекционист кој бара премногу од себе. Толку сте строги кон себеси така што секоја грешка колку да е мала, за вас се претвора во нешто сериозно. Научете да ги прифаќате грешките и да не се обвинувате за нив. Да се греши е нешто позитивно, па не давајте им токсична сила на грешките.

3. Ги потиснувате емоциите
Животот е таков што веројатно сте поминале низ сложени врски, во кои сте претрпеле некаква штета. Ова може да ве натерало да се воздржувате од емоции, за да се заштитите. Не знаете дека сепак тоа е многу токсично. Ако ги запоставувате емоциите и ги потиснувате, уште повеќе негативни емоции ќе испловат на површината. Треба да се научите да ги изразувате своите емоции без страв, бидејќи во овој живот треба да ризикувате. Емоциите се како желби и копнежи – тие постојат за да бидат пренесени. Ако ги потиснувате емоциите порано или подоцна тие ќе ве уништат. Ќе се претворите во тажен човек неспособен да сака или да биде сакан. Вие не го заслужувате тоа. Изразете го она што чувствувате.

4. Песимисти сте
Животот не е секогаш лесен, но да се свртите кон песимистичките погледи е едно од најлошите работи кои можете да си ги направите на самите себе. Ова ќе се одрази на вашата личност и ќе почнете да ги пренесувате овие чувства и на другите. Без разлика колку е тежок животот, песимизмот нема да го направи подобар. Побрзо ќе ги направи работите полоши. Нека оптимизмот биде вашиот најдобар пријател кој ќе ве спречи од труење.

5. Секогаш отстапувате место на другите
Да мислите за себе не ве прави егоист, туку човек кој се грижи за себе и на тој начин се брани. Навикнати сте дека секогаш да се грижите за благосостојбата на другите, но каде останувате вие самите? Кога ќе го промените ставот, може да изгледате како егоист за останатите, а можеби и самите вие ќе се чувствувате така. Но не знаете дека така станувате помалку токсичен човек.

Коментирај