5 типа на пениси и нивните предности

0
3608

Да се зборува за пениси можеби е малку грубо, дури и кога се прави тоа на воспитан начин. Од друга страна пак постојат некои работи што треба да ги знаете за пенисите, за да можете целосно да им се насладувате 🙂 . Знаете ли дека на пример, постојат неколку различни типови на пениси? Познавањето на машката анатомија ќе помогне и на двајцата партнери за да се доживее поголемо задоволство од сексот, користејќи специфични пози и техники според типот на пенис.

1. Пенис „пенкало“
Како што сугерира името, овој пенис има форма на пенкало – рамно не многу дебело тело и остар врв.
Предности
Оваа форма на пенисот има многу предности и овозможува пенетрација без непријатност. Овој тип на пенис може да се користи во секоја поза и е идеален за анален секс, бидејќи врвот е потесен при што го олеснува навлегувањето и ја намалува болката или непријатноста.

2. Пенис „кука“

Овој тип на пенис најчесто е малку искривен на врвот, на лева или десна страна. Иако искривувањето се забележува, обично тоа не претставува проблем, ако не е многу силно изразено.
Предности
При слабо изразено искривување, добро е да се избираат пози како мисионерската кои ја олеснуваат директната пенетрација. Кај останатите пози може да има непријатност. Од друга страна пак оваа форма на пенис овозможува добро стимулирање на G-точката.

3. Пенис „чадор“
Познат е уште како пенис „сунѓер“ – со тенко и рамно тело и голема испакната глава.
Предност
Во сексуалните односи овој вид на пенис се смета за многу стимулирачки, бидејќи поголемата глава обезбедува повеќе иритација и задоволство, но кај жени со тесни влезови може да предизвика и непријатност. Кога се прави промена на позите треба да се внимава и да се користи повеќе лубрикант.

4. Пенис „банана“
Овој тип на пенис е потенок во основата се проширува накај средината и повторно се стеснува кон врвот.
Предност
Малата глава не предизвикува непријатност при пенетрација, а истовремено дебелината на телото обезбедува многу задоволство за време на сексот.

5. Пенис „маркер“
Овој тип пенис е широк во основата и постепено се стеснува кон врвот.
Предност
Оваа форма обезбедува многу задоволство во речиси секоја поза без непријатност. Се разбира, тоа зависи и од анатомијата на жената. Тој е идеален и за анален секс, бидејќи малата глава не предизвикува болка при пенетрација.

Како што гледате, формата на пенисот има значење. Но, она што е поважно за среќен сексуален живот е комуникацијата помеѓу партнерите, довербата и желбата да ги истражуваат нивните тела и да се научат како да добијат поголемо задоволство.

Коментирај