5 техники за екстремно долги трепки

0
329

Маскарата зазема едно од приоритетните места во чантата на една жена. Сигурни сме дека секоја жена ќе ја земе со себе, дури и ако оди на напуштен остров.

Сепак, заводливиот изглед никогаш не излегува од мода и за да го постигнете ова мора правилно да ставите маскара.

1. Првата и главната работа е да знаете дека маскара се поставува од корените на трепките (што е можно поблиску) до врвовите. Така влакната се максимизираат.

2. Користете доволно количество на маскара. Мислите дека колку повеќе ќе ставите, толку повеќе вашите трепки ќе бидат обемни и густи. Всушност, на овој начин може само да направите слоеви и да ги слепите вашите трепки а тоа воопшто не изгледа убаво. Професионалните шминкери советуваат да се ограничите на ставање на два слоја. Ако не сте задоволни, променете ја маскарата.

3. Исчешлајте ги трепките. Доколку по ставањето на маскарата се случи да се слепат неколку трепки земете чиста четка и исчешлајте ги. На овој начин ќе се отстрани вишокот.

4. Бидете внимателни при отворањето на маскарата. Не се обидувајте да четкате со четката со поместување нагоре и надолу по цевката. На овој начин ќе влезе премногу воздух и ќе се развијат бактерии. Покрај тоа, спиралата ќе почне да се суши побрзо. Вистинскиот начин е да ја извадите четката од цевката со ротирачко движење, и кога ќе завршите, внимателно затворете ја.

5. Ако ставите маскара само на врвовите на трепките, визуелно ќе ги направите да изгледаат пократки. Обидете се да ги опфатите влакната по целата должина – од коренот до врвот.

Коментирај