5 работи за вашето тело што не сте ги знаеле

0
879

Човечкото тело е една совршена машина која освен со прецизниот механизам е опремена и со неверојатно развиен разум. Изненадувачки е колку работи може да прави нашето тело.
Видете ги 5 занимливи нешта кои не ги знаете за себе:

Праг на болка
Веројатно сте слушнале за праг на болка. Тоа покажува колку силна болка можете да поднесете, пред да почнете да врескате и плачете. Секое човечко тело има различен праг на болка, кој всушност е врска во вашиот мозок, бидејќи вашиот мозок може да ги вклучува и да ги исклучува вашите рецептори за болка. Има многу случаи кога луѓе со скршени коски не чувствуваат болка.

Јазикот има отисок
Сите знаете дека имате уникатен отисок. Но повеќето луѓе не знаат дека отисокот на јазикот, исто така е единствен за секој човек.

Нозете продолжуваат да растат
Кога човечкото тело старее обично се намалува, но тоа не важи за нозете. Научниците докажале дека во зрела возраст нозете престануваат да растат. Циклусот се повторува во третата доба, нозете го продолжуваат својот раст, а причина за ова се тетивите и лигаментите кои ги поврзуваат сите тенки коски на стапалото. Тие стареат и ја губат еластичноста. Научниците исто така докажаа дека нозете на луѓето кои вежбаат повеќе во младоста, растата повеќе кога ќе остарат.

Со возраста стануваме поглупави
Тоа е така бидејќи секој ден ние губиме околу 11 000 мозочни клетки. Затоа повеќето луѓе почнуваат да забораваат кога ќе остарат.

Да плачеш е корисно
Кога се повредени физички или емоционално, повеќето луѓе плачат. Најчесто, сепак мажите се вознемируваат од солзите кога се повредени, бидејќи тоа ги прави да се чувствуваат слаби.
Повеќето луѓе сепак не знаат дека всушност е убаво да се плаче, бидејќи солзите ги намалуваат штетите од емоционалната повреда, го бришат стресот и го тераат мозокот да се одмори и да го ослободи хормонот ендорфин, познат како хормон на среќата.

Коментирај