5 работи што треба да ги знаете за врската со „мамино синче“

0
686

Неодамна сте започнале да излегувате со прекрасен нов маж. Тој е мил и внимателен, но по неколку недели разбирате дека е „мамино синче“. Што значи тоа за вас? Што значи да излегувате со таков маж? И какви се идните изгледи за вас тројцата?
Еве 5 работи што треба да ги знаете пред да започнете да излегувате со момчето на мама 🙂 .

1. Нема да бидете единствената жена во неговиот живот

Звучи очигледно, но тоа е нешто што многу жени го потценуваат. Маминото синче не е само срценцето на мама туку тој ја сака толку многу нездраво што целосно е посветен на неа, а таа е подготвена на сè за него. Тие имаат нераскинлива врска која не поминува со нормалното слушање по телефон еднаш или двапати неделно. Тој е сето за неа и таа му го посветила својот живот, за после тој да ја прави среќна. Ваквиот маж никогаш нема да престане да ја обожава мајка си и ако не можете да се справите со тоа да го делите неговото срце, подобро да ги завршите односите пред да станат сериозни.

2. Навикнат е сè да се прави за него
Неговата мајка му пере, готви, чисти и пазарува. Сè уште постојат мажи кои иако не живеат со своите мајки ги носат алиштата за перење кај нив. Дефинитивно не сакате да имате ништо заедничко со маж, кој се потпира на мајка си за сè.

3. Тој ќе ве споредува со неа
Не е важно дали станува збор за начинот на кој го поправате креветот, или за вкусот на пилешкото со ориз – „мамините момчиња“ имаат навика да споредат сè што правите, со начинот на кој го прават нивните мајки. Тој најверојатно не сфаќа дека може да ве навреди, ниту пак сака да ви наштети, но неговата мајка е шаблон за начинот на кој се треба да се случува. Таа го поминала целиот живот, за да биде среќен и да му е удобно, затоа тој ќе сака и вие да правите да се чувствува на истиот начин.

4. Никогаш нема да сте на прво место
Нешто со кое треба да се навикнете, е дека никогаш нема да сте неговиот прв приоритет. Можеби немате трпение да одите на вечера, која сте ја планирале одамна, но ако неговата мајка има потреба да и земе една кутија од таванот или апчиња од аптека, тој веднаш ќе притича кај неа. Тој сигурно ќе ви се извини и ќе ви вети дека се ќе ви надомести, но ќе очекува да знаете и да се согласувате со фактот дека ќе бидете на второ место веднаш по мајка му.

5. Ќе се однесува со вас како со принцеза
Иако досега изредивме само негативни работи од тоа да излегувате со мамино синче, сепак всушност и не е толку лошо. Една негова позитивна карактеристика е дека тој знае како да се однесува кон жените.
Мажите  кои се блиски со своите мајки, обично се симпатични, чувствителни, со големо разбирање и великодушни. Нивната врска со нивната мајка може да ве полудува понекогаш, но ако сакате еден маж да се однесува со вас како со принцеза, тогаш нема да згрешите.

Коментирај