5 работи кои никогаш да не треба да ги чувате во тајност од вашиот сопруг

0
1079

Бракот наложува во семејството да нема тајни, и сè што се случува во заедничкиот соживот треба да биде со отворени карти. Но сепак некои луѓе понекогаш задржуваат по некоја тајна за себе, која ако биде еден ден откриена може да донесе многу проблеми.

Постојат работи кои сепак никогаш не треба да бидат тајна за брачниот партнер, бидејќи тоа во себе крие ризик да останете несреќни, неразбрани и незадоволни од брачниот живот. Еве што никогаш не треба да криете од партнерот:

1. Вашите соништа
Копнеете да заминете во друг град, да ја смените вашата работа, да имате уште деца или да имате некаква авантура, но тоа го криете од својот сопруг. Овие ваши неискажани желби ќе ве мачат и ќе ја спречуваат вашата среќа. Ништо не треба да ве запира да го признаете нештото што го сакате. Од партнерот зависи како ќе ве разбере и дали ќе ги прифати вашите соништа како свои и дали ќе се одлучите заедно на промената. Барем ќе знаете дека сте се обиделе.

2. Финансиската положба
Може да не ви се верува, но има и семејства кои не ги обединуваат целосно финансиите кои што ги заработуваат. Некои луѓе претпочитаат да сочуваат дел од заработени пари само за себе. Тоа не е добра долгорочна стратегија во бракот, бидејќи меѓу водечките причини за развод се токму финансиските проблеми.

3. Вашите онлајн активности
Не мислете дека она што го правите на интернет ќе остане тајна. Затоа е подобро да го држите во тек и да разбере сè од вас вашиот партнер, наместо сам да открие што сте „работеле“ по социјалните мрежи. Така ќе се заштитите себеси од евентуални недоразбирања. Нешто што сте објавиле на социјалните мрежи или нешто за што сте се заинтересирале може да биде истолкувано на погрешен начин од брачниот партнер.
Затоа е подобро да не криете од него што правите на интернет.

4. Големи проблеми
Чудно е како луѓето често се затвораат во себе, кога пред нив ќе се појави голем проблем. Не сакаат да ги загрижуваат блиските, сметаат дека можат сами да се справат, доживуваат срам и страв да признаат или бог знае што уште.
Причините за да се скрие присуството на голем проблем би можеле да бидат многу. Но за да го зачувате бракот подобро е да го споделите проблемот и заедно со партнерот да донесете одлука како да излезете од ситуацијата.

5. Што ве возбудува
Сексот е важен за брачната врска. Со времето е можно страста меѓу вас да подзгасне. Затоа не е само што е препорачливо туку е и задолжително да не ги криете вашите сексуални желби од вашиот сопруг. Споделувајте го она за што копнеете во креветот.

Коментирај