5 проблеми со спиењето кои влијаат на вашата врска

0
574

На почетокот на врската, сонувате да спиете во кревет заедно со вашиот партнер. После тоа знаете дека не е толку убаво и со текот на времето се појавуваат различни проблеми кои до одреден степен влијаат на вашата врска.

Различно време на будење
Ако вашиот партнер станува многу порано од вас и секое утро му ѕвони алармот нормално е тоа вас да не ви се допаѓа. Сепак вам непотребно ви се скратува времето за спиење. Излезот е помалку бучен аларм или само вибрации и облеката што треба да ја носи да стои во друга просторија. Така ќе се избегне тропањето по шкафовите и звукот на чекорите.

Р’чење
Да, р’чењето е навистина сериозен проблем. Добро е да побарате медицинска помош.
И додека се реши тој проблем можете да користите тампони за уши и да му предложите на вашиот партнер да престане со консумација на алкохол бидејќи тоа го зголемува р’чењето.

Едниот е ладен, другиот е топол …
Класичен проблем .. Ако сте постудени, можете да си ставите чорапи, дебело ќебе, а вашиот партнер на кого му е топло да го отвори прозорецот.

Заспивате пред телевизорот
Поставете го ТВ-уредот да се исклучи со ослободување на звук кој треба да ве разбуди.

Спиење голи
Ако вашиот партнер сака да спие гол, а за вас тоа не е удобно, разговарајте со него и кажете му што ве загрижува.

Коментирај