5 природни методи против темните дамки на кожата

0
605

Хиперпигментација е многу непријатен проблем. Темните дамки на кожата на лицето и телото можат да се појават поради многу причини. Формите и големината им се различни, а ниедна жена не би сакала тие да се гледаат.
Како можете да го израмните тенот и да ја осветлите кожата по природен пат? Еве неколку природни техники:

Јогурт
Млечната киселина во јогуртот има својство да го изедначува тенот и да ги отстранува темните дамки. Млекото ја омекнува кожата и ја прави енергична и здрава. Едноставно нанесете малку јогурт врз кожата и по 20 минути исплакнете. Правете го тоа секоја вечер пред спиење.

Суров компир
Суровиот компир содржи големи количини на витамин Б, кој го има својството да ја регенерира кожата. Тој ја провоцира регенерацијата на клетките и влијае врз отстранувањето на темните дамки. Исечете парчиња жив компир и ставете ги врз пигментните дамки  околу 15 минути. Правете го тоа додека пигментацијата исчезне.

Јаболков оцет
Јаболковиот оцет прави чуда со кожата. Киселината во јаболковиот оцет може да се примени директно на кожата. Плакнете го лицето или заболеното од хиперпигментација место со јаболков оцет. Почекајте го да се исуши, а потоа исплакнете во вода.

Куркума
Куркумата е волшебен зачин. Зачинот е корисен како против темни дамки на кожата, така и за здравјето на внатрешните органи. Куркума со малку вода во форма на каша се нанесува врз погодените места и се масира неколку минути. Потоа се остава да се исуши и се плакне.

Алое Вера
Алое верата ги отстранува мртвите клетки и ја стимулира регенерацијата на епителот. Нанесете природен гел од алое врз кожата 30 минути и исплакнете. По 2 недели ќе почнете да ја чувствувате разликата.

Коментирај