5 причини веднаш да изедете јаболко

0
474

Илјадници години многу култури го сметале јаболкото за овошје што има бројни лековити својства. Тоа верување постои и денес.

Еве пет причини зошто веднаш би требале да каснете јаболко:

Јаболкото е најдобра природна ужинка. Содржи 115 калории и 5 грама влакна, има витамин Ц, нема масти, натриум ни холестерол.

Го намалува ризикот од рак, посебно ракот кај дебелото црево, простатата, јајниците, дојката и дишните патишта.

Подобро јаболко отколку диета – бидејќи содржат растворливи влакна и киселини, тие се всушност природен препарат за согорување масти.

Го хранат мозокот и ги штитат невроните од оксидативно оштетување од кое настануваат Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.

Помагаат за полесно дишење бидејќи антиоксидансот во јаболката може да ги заштити градите од оштетувања поврзани со астмата и бронхитисот. Јаболката особено им се препорачуваат на бремени жени.

Извор: hybread.mk

Коментирај