5 правила кои морате да ги знаете ако се бричите со машинка

0
733

Доколку ја бричитње брадата со машинка, а сакате кожата да ви биде глатка и без рани, треба да ги послушате следниве совети.

1. Подгответе се
Доколку користите машинка за бричење, најдобро е брадата да ви биде сува и крута. Меѓутоа, за да бидете сигурни дека кожата и влакненцата ви се чисти, пред бричење користете препарат на база на алкохол. Нека содржи повеќе витамин Е, како би ја сочувал вашата кожа и иритацијата би ја свел на минимум.

2. Погодете го аголот
Машинката држете ја под прав агол во однос на вашето лице, а со слободната рака затегнете ја кожата за да стојат влакненцата исправено. Ово ќе овозможи максимален контакт со кожата, ќе го намали времето потребно за бричење и ќе ја намали иритацијата.

3. Само полека
Бидејќи машинките се моторизирани, постои опасност од прегревање на истата, што е лошо за осетливата кожа кај која може да дојде до иритација. Секогаш прво избричете ги осетливите делови како што е вратот, додека машинката сеуште не е премногу загреана. Притискајте нежно и немојте на истото место да поминувате повеќе пати.

4. Одржувајте ја правилно вашата машинка
Машинките се како автомобилите-ако сакате добро да работи морате да ја одржувате, така ќе и го пролжите работниот век. Користете четкичка за да го исчистите восокот или маслото кое останало, и полека и многу нежно исчистете ги запците на машинката, за да не ја оштетите. Никогаш немојте да ја удирате странично од мијалникот за да ги исчистите влакненцата, ќе ја упропастите машинката така.

5. Бидете стрпливи
Трпението е клучно кога е во прашање било која техника на бричење, а поготово доколку сте неискусни со машинката за бричење. Доколку цел живот сте користеле брич и сега преминувате на електрична машинка, морате да бидете стрпливи бидејќи на вашата кожа и е потребно неколку недели да се навикне на новата техника на бричење.

Извор: Hybread.mk

Коментирај