5 парчиња облека што секоја жена со големи гради треба да ги има

0
710

1. Вистинскиот број на кошула
Жените со големи гради најдобро знаат колку е важно да го изберат точниот број кошула, која нема да се отвара во движење, откривајќи го нивниот градник. Понекогаш е многу тешко да најдете модел кој ќе се вклопува совршено на градите, половината и рамената, затоа, ако е потребно, користете ги услугите на кројач.

2. Струкирано палто
Струкираното палто е облека која секоја жена треба да ја има  во нејзината гардероба. Палтото не само што покрива голем број на недостатоци, но и ги нагласува линиите  вашата фигура, така што вашите гради нема да го привлекуваат целосното вниманието на околината.

3. Панталони со широки ногавици за рамнотежа
Веќе имате волумен на врвот по природа, па затоа една паметна стајлинг идеја е да додадете малку во долниот дел за симетрија.  Освен дека се многу удобни за носење, лесно ќе можете да ги комбинирате, со било каков друг атрибут.

4. Туника
Проблемот со кошулите тип туника и правите фустани е дека го тераат телото да изгледа без облини. Наместо тоа, покажете ја својата фигура тип песочен часовник со фустан со нагласена половината или пак ставете појас.

5. Блуза со длабоко V-деколте
Има време и место за сè – дури и да се пофалите со вашите бујни гради. Тука најмногу ќе ви помогне длабокото V-деколте. Со него не само што ќе ја прикажете убавината на вашите гради, туку и триаголниот облик ќе ја создаде илузијата дека вашето торзо е подолго.

Коментирај