5 од најозогласените затвори во светот

0
320

Ла Сабанета – Венецуела. Затворот е сметан за еден од најбруталните во Јужна Америка. Секој ден затворениците се соочуваат со глад, недостаток на медицинска нега и тортура од чуварите. Над 700 осудени умираат за неколку месеци од колера во затворот во 1994 година, а над 100 лица во просек умираат од насилна смрт во затворот секоја година. И покрај бројните апели на различни организации, Владата на Венецуела не презема никакви мерки за подобрување на ситуацијата во Ла Сабанета.

Дијарбекир – Турција. Во земјата на Онур и Шехерзад се наоѓа еден од најбруталните затвори во Европа. КПД Дијарбекир е познат по фактот дека на негова територија, човековите права се само мислена именка. Тортурата врз затворениците е секојдневие. Во затворот има посебен дел за деца кои се осудени на доживотна робија. Во Дијарбекир биле затворани и голем број револуционери на ВМОРО.

Ла Сантана – Франција.  Се смета дека затворите во напредните земји се доста „послободни“ и со подобри услови осудениците. Во овој случај, сепак работите не стојат така. Може да се изненадите, но токму во Франција во 21 век има затвор, каде реалноста е прилично надвор од општоприфатените „европски вредности“. Затворениците таму се самоубиваат постојано, поради лошите услови и односот на чуварите. Секоја година повеќе 100 луѓе ставаат крај на својот живот на ужасен начин. Голтаат вилушки, си ги прегризуваат вените, па дури голтаат и стаорци.

Камп 22 – Северна Кореја. Затворот е отворен во 1965 година, со цел да ги „згрижи“ политички затвореници. Димензиите на објектот се доста импресивни, а во местото престојуваат повеќе од 50 000 осуденици. Во овој затвор освен осудениот политички затвореник, отслужува казна и неговата фамилија. Веќе има случаи на 3 генерации, кои се родени, живееле и умреле во затворот. Исто така се зборува дека луѓето биле користени за различни медицински експерименти.

Карандиру – Бразил. Затворот е познат по „Масакрот во Карандиру“ што се случи во 1992 година. Како што е познато чуварите егзекутираат неколку десетици осудени. Од 2002 година  затворот не е активен, главно поради обвинувањата на Амнести интернешнал, за ситематско кршење на човековите права на затворениците. За време на своето 46 годишно постоење, во затворот загинале повеќе од 1.300 затвореници.

Коментирај