5 идеи како да ги разубавите вашите патики

0
355

Ви нудиме неколку прекрасни идеи како сами можете да си ги разубавите вашите патики:

1. Со нитни
За оваа цел потребни ви се само метални нитни, цврсто безбојно лепило или силикон.

2. Супер блескави патики
Ако уживате во сјајот и не се грижите дали го привлекувате вниманието кон себеси, можете да си направите вакви патики. Имате потреба од брокат во саканата боја, цврсто безбојно лепило и кристали.
Прво обложете го предниот дел, врз кој ќе ги лепите кристалите со селотејп. Потоа намачкајте го остатокот од патиките со лепак и посипете го со брокат. Отстранете го селотејпот и залепете ги кристалите.

3. Со точки
Весели патики кои можете да ги направите со помош на бел перманентен маркер за текстил.

4. Со исечоци од списанија
Имате потреба од бела акрилна боја за декупаж, шише со распрскувач со вода, исечоци од списанија, четка и безбоен лак. Прво намачкајте обилно количество боја од надворешната страна на сликата, залепете ја на патиките, и оставете да се исуши добро. Потоа прснете малку вода и изгребете ја хартијата. Треба да се има предвид дека можеби нема да се отпечати добро целата слика. На крај премачкајте ги патиките со безбоен лак.

5. Вселенски
Создај вселенски ефект со помош на боја за текстил и сунѓерче. На крајот нацртајте ѕвезди со помош на бел маркер.

Коментирај