5 идеални летни дестинации за скромен буџет

0
165

Ако барате можност за поевтин одмор на море летово, имаме неколку одлични предлози за Вас. Последните неколку години Бугарија и Турција се локации каде без да потрошите многу пари добивате врвна услуга и неповторливо искуство, што ги прави овие места вистинска атракција.

Во прилог погледнете кои места се наоѓаат во најевтините 5 дестинации за одмор на море:

1. SUNNY BEACH, Бугарија
Sunny Beach е одморалиште на бугарското крајбрежје на Црното море. Познат е по спортовите на вода, песочните плажи и ноќниот живот. Во одморалиштето има paintball парк, картинг стаза и воден парк со бројни тобогани. Покрај овие активности во близина пристаниште за јахти и древни рушевини и Археолошки музеи.

2. MARMARIS, Турција
Медитеранско туристичко место, познато како тиркизен брег, со прекрасна сончева плажа за долги прошетки покрај морето. Ова место е познато по живиот ноќен живот на Bar Street, каде се наоѓаат клубови на отворено.

ALGARVE, Португалија
На најјужниот дел од Португалија, ова место е познато по прекрасните плажи кои оставаат без здив и терените за голф. Белите рибарски села кои се наоѓаат на карпите над песочните заливи биле претворени во летни одморалишта во шеесеттите години, а сега централното крајбрежје помеѓу Лагос и Фара се граничи со вили, хотели, барови и ресторани.

COSTA DEL SOL, Шпанија
На југот на Шпанија, Costa del Sol се наоѓа помеѓу крајбрежните региони Costa de la Luz и Costa Tropical. Долги песочни плажи и палми, зар Ви треба нешто повеќе?

KRETA, Грција
Kreta, најголемиот грчки остров е познат по својот разновиден терен кој се протега од ситните песочни плажи на Elafonisi, па се до Белите планини. Ова место е богато со античка историја и грчка митологија.

Извор: journal.hr

Коментирај