5 грешки кои се прават при капење

0
684

Многу од луѓето прават грешки при капењето кои можат да и наштетат на кожата. Погледнете кои се работите што треба да ги избегнувате:

1. Премногу топла вода
Жешката вода ја прави кожата сува и дехидрирана. Се зголемува протокот на крв, што често доведува до црвенило, воспаленија и осип. Најдобра температура на водата за капење е 35 степени.

2. Предолго капење
Слично како со топлата вода, долгите тушеви премногу ја сушат кожата. Најдобро е капењето да трае околу 10 минути.

3. Користење на многу агресивни производи
Поагресивните состојки кои ви ветуваат дека ќе ги уништат сите бактерии го отстрануваат природниот заштитен слој масти на кожата, што доведува до сушење и модринки.

4. Користење стари и влажни крпи
Мокрите крпи во бањата се идеална средина за развој на бактерии и мувла, затоа добро е често да ги менувате. Исто така е важно добро да се исушат по користење.

5. Претерување со сушењето
Исушетете го телото со мека крпа, оставајќи го малку влажно. Потоа користете го вашиот омилен лосион за тело и вашата кожа ќе остане мазна и здрава.

Коментирај