43 милиони години стар фосил од четириножен кит пронајден во Перу

0
216

Фосил од кит со четири нозе стар 43 милиони години беше пронајден во Перу, пренесуваат странските медиуми.

Палеонтолозите веруваат дека овој морски цицач, долг отприлика четири метри, бил прилагоден за живот и во вода и на копно.

Со четири екстремитети и способност да ја носи својата тежина и големиот опаш, полуводениот кит го споредуваат со видрите или дабарите. Истражувачите веруваат дека ова откритие може да ја расветли еволуцијата на китовите.

„Овој е најцелосниот примерок на четириножен кит кој е пронајден било кога“, вели Оливер Ламбер, научник од Кралскиот белгиски институт за природни науки.

Древниот кит е пронајден во морските седименти во близина на пацифичкиот брег, во местото Плаја Медиа Луна. Оваа локалција прдизвика интерес кај истражувачите бидејќи се смета дека првите китови прв пат еволуирале во Јужна Азија пред отприлика 50 милиони години.

Како што нивните тела сè подобро се прилагодувале на животот во вода, тие мигрирале и кон Северна Африка и кон Северна Америка, каде исто така, беа пронајдени фосили.

Извор: taratur.mk

Коментирај