СОЛЗА И СМЕА 7 – Николче

0
250

Драмското студио „Солза и Смеа“ е формирано на 7 Февруари 1996 година во Битола. Како аматерско студио кое работи и функционира во рамките на Центарот за култура во Битола, ја има и првата премиера за претставата „Лонг плеј“.

Неколкуте години активна работа го креваат нивото на студиото и претставите почнуваат да бидат се повеќе посетени. Со неколку падови и воздигнувања, и неколку променети жанрови, низ Солза и Смеа поминале неколку генерации на актери и режисери кои денес професионална се занимаваат со тоа низ театрите во Македонија и надовр од неа.

Солза и Смеа денес е приватен театар каде работат и професионалци, насочен кон комедијата како жанр кој членовите во театарот го негуваат во сите свои претстави дома, како и на фестивали во странство, каде театарот има земено учество. Доказ за тоа се големиот број на награди и пофалби низ фестивалите, како и успешната турнеа во Австралија во 2011 година.

Најуспешен проект досега е хумористичниот ТВ серијал кој четврта година се емитува на ТЕРА ТВ, а достигна и енормна гледаност на Youtube.

Ова е нивното последно видео:

Коментирај