4 знаци кои го покажуваат неверството

0
819

Ако имате сомнеж дека партнерот ве изневерува, постои можност да сте во право. Дури и да немате реални докази со кои ќе ги поддржите овие ваши чувства има голем број на знаци кои ќе ви посочат дека нешто не е во ред.

1. Промени во однесувањето
Пред сè, оној кој изневерува, може да почне да се однесува поинаку, а неговото однесување да биде поврзано и со изгледот. Мажите почнуваат да покажуваат повеќе грижа за себе. Тие почесто тренираат, почесто се бричат или посветуваат поголемо внимание на гардеробата. Промената во изгледот обично е доста видлива.

2. Сомнително користење на телефонот
Со технологијата е променет начинот на кој се случуваат изневерите. Често сомневањата започнуваат токму околу употребата на телефонот – порака која ви се чини чудна, или тој не го испушта телефон од рака. Можно е да му ставил лозинка додека претходно немало потреба од таква.

3. Необјаснет гнев
Кога некој има чувство на вина, тоа може да се манифестира и како гнев. Понекогаш оваа реакција може да биде начин за да се „извлече“ од куќата.
Мажите кои се однесуваат неразумно, прават намерни расправии и скандали кои можат да бидат изговор за да ја напуштат куќата под изговорот дека имаат потреба да се смират.

4. Изговори да не си доаѓа дома
Ова може да биде знак дека нешто се случува. Мажот си доаѓа дома доцна или излегува сам, иако дотогаш сте излегувале заедно. За ова тој секогаш има добро оправдување и изговор.
Постојат моменти кога партнерот почнува да не користи изговори и да кажува како само отишол на прошетка. Ова може да биде предупредувачки сигнал, особено ако неговото однесување изгледа смешно.

Коментирај