4 РЕЦЕПТИ: Утрински џусови кои ќе ви дадат енергија за целиот ден

0
251

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот. Здравиот појадок ни овозможува да уживаме во текот на целиот ден, ни ги задоволува сите потребни витамини и енергија во денот, а притоа не спасува од понатамошно прејадување и здебелување за време на ручекот и вечерата.

Ако само малку ги промениме своите секојдневни навики и вложиме малку труд, ќе се храниме здраво без оглед на брзиот современ живот и стресното секојдневие, а ќе се чувствуваме поздрави и ќе бидеме подобро расположени. За жал, многу луѓе немаат време да подготват здрав појадок. Токму поради тоа здравите сокови од 100% овошје направени во центрифугален соковник се совршениот избор за здрав појадок.

Овие сокови ги содржат сите хранливи материи што ни се потребни. Во продолжение откриваме 4 рецепти за утрински џусови ќе ни дадат енергија потребна за целиот ден и ќе го зачуваат нашето здравје.

1. Витаминска Ц бомба
Ова е еден од омилените рецепти за домашен сок. Лимоните и лиметите изобилуваат со витамин Ц, додека ѓумбирот е чудото од корен преполно со живот. Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум. Јаболкото пак е извонредно овошје богато со витамин Ц, витамини од групата Б, калциум, калиум, фосфор, железо, магнезиум и цинк, а овој сочен плод содржи и многу антиоксиданси и растителни влакна кои дополнително го засилуваат одбранбениот систем на телото.

Потребни состојки: 1 излупено јаболко, 4 см свеж ѓумбир, ½ лимета, ½ лимон, чаша вода

2. Вкусете ја моќта на кељот
Без никакво двоумење може да се каже дека кељот е еден од најздравите зелени зеленчуци кои постојат. Во текот на минатите години кељот беше неоправдано занемарен, но тој треба сè почесто да се наоѓа на нашето мени. Многу од здравите рецепти за сокови започнуваат со зелен зеленчук кој својот сок совршено го цедиме со помош на центрифугален џусер. Овој микс од овошје и зеленчук секое утро ќе ве опсипа со енергија потребна за целиот ден. Истиот се препорачува и за трудници.

Потребни состојки: 1 чаша исечкан кељ (околу 3 листови), 1 чаша грозје (околу 28 зрна грозје), 1 краставица ситно сечкана, 1 мало зелено јаболко, ½ чаша вода

3. Здравје во чаша
Овој сок исцеден во цетрифугален џусер со гордост си го носи името „Здравје во чаша“, бидејќи со него ги добиваме витамините А, Б, Ц и Е одеднаш. Само една чашка од овој сок ни дава енергија потребна за целиот ден. Крушите се одличен извор на влакна, а освен нив, содржат и витамини: А, Б1, Б2, Ц и Е, како и фолна киселина и ниацин. Ова овошје е богат извор на бакар, калиум и фосфор, а во помали количини содржи и железо, магнезиум, натриум и сулфур. Тие се хипоалергично овошје кое содржи многу влакна, па затоа и тоа ретко предизвикува алергиски реакции. Сокот од круша е одличен за новороденчиња, првенствено затоа што има благ вкус, но, и заради големиот број здравствени придобивки кои ги носи со себе. Вишните пак се познати по своите лековити и антиоксидантски својства и активности. Богати се со витамини А, Ц и Е, фолна киселина, минерали, калиум, магнезиум, железо и растителни влакна. Содржат фенолни соединенија, моќни антиоксиданси, кои го штитат нервниот систем.

Потребни состојки: 1 средно јаболко, 2 круши, 1/2 чаша вишни (може и замрзнати), 1 чаша вода

4. Вкусен здрав микс од овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот одат одлично заедно во сок. Нема потреба никогаш да се мислиме дали треба во центрифугалниот џусер да ги вклучиме овошјето и зеленчукот заедно. Сокот од морков содржи бета каротин, фолна киселина, витамини Ц, Б и Е (наречени уште и витамини на младоста), калиум, фосфор, магнезиум, калциум, па морковот е идеален помошник за зачувување на убавината на кожата, ноктите и косата. Богат е и со витамин А, кој го стимулира растот на клетките и нивната делба, ја нормализира размената на материите и хемиската рамнотежа во организмот, го зголемува имунитетот и го подобрува видот, додека пак капините со право се наоѓаат на листата на најздрави намирници. Тие содржат огромно количество на антикосиданси, многу поголема количина од што имаат доматите, брокулата… па затоа и се сметаат за моќни сојузници за борба против ракот.

Потребни состојки: 2 јаболка, 2 големи моркови, 1 портокал, 3-4 големи листови кељ, 1 чаша капини, 1 чаша вода

Извор: Скопјеинфо.мк

Коментирај