4 причини да се состанувате со двајца мажи истовремено

0
1610

Стереотипите кои општеството ни ги наметнува ни пречат да ја ослободиме нашата мисла. Ни пречат да ја избереме нашата среќа и да процениме со кого ќе го споделиме нашиот живот.
Понекогаш истовремено пред нас се појавуваат можности да се состануваме со повеќе од еден маж, но стереотипите за моногамијата ни пречат да си дозволиме да го направиме тоа.
Не можете да процените? Се прашувате ли како да го направите вистинскиот избор за среќата и од кој маж да се откажете без да сте се сретнале со ниту еден од двајцата? Престанете да се прашувате!
Еве неколку причини да не ви е гајле дека ќе се состанувате со повеќе од еден маж истовремено во името на вистинскиот избор за среќата!

Ова ви овозможува да ги споредувате нивните квалитети и да го одберете подобриот.
Понекогаш мажите се појавуваат постојано во нашиот живот, но во многу случаи е можно да се појават и истовремено. Состанувајте се со двајцата! Само така ќе го направите најдобриот избор за себе и својата иднина. Ова ја зајакнува самодовербата и ве тера да се чувствувате сакани.

Нема жена која не сака да биде сакана.
Кога вниманието на повеќе од еден маж истовремено е насочено кон вас, тоа нема како да не влијае на вашата самодоверба. Ќе летате од среќа кога два или повеќе пара машки очи се вперени само во вас.

Ова ви помага да спречите емотивно и интимно поврзување со погрешен човек.
Неколку средби ќе ви се доволни да процените дали вреди да продолжувате со едниот маж или да се откажете од него. Внимавајте само да не се заљубите премногу брзо, уште повеќе и во двајцата истовремено! Тоа тотално ќе ја промени сликата. Запомнете дека ја правите оваа мала комбинација на двајца мажи во името на својата среќа, а не само за да ги вртите на малиот прст.

Внимавајте, бидејќи лесно може да ве „фатат“.
Мажите не се глупави. Тие лесно можат да почувствуваат ако има друг маж, на кој мислите. Ако веќе дознаат за вашиот план не се вознемирувајте! Во такви случаи има два типа на мажи – такви кои што веднаш ќе се откажат од вас и такви кои се подготвени да се борат за вашето внимание и избор. Така ќе процените кој од двајцата е подготвен да ја активира машката природа на освојувач и ќе се бори за вас.

Коментирај