4 намирници кои го подобруваат расположението

0
322

Ако се чувствувате уморно, безволно и безенергија, следниве неколку намирници ќе ви го подобрат рапосложението и ќе го збогатат вашето мени.

Производите кои ќе ви помогнат се богати со фолна киселина (спанаќ) храна богата со селен (морска харана), јаглехидрати (вклучувајќи го и шеќерот) кофеин, лук…

Постои теорија која вели дека недостатокот на светлина ја менува хемијата во мозокот кај луѓето кај кои постои природна осетливост. Тие луѓе обично јадат многу слатки и намирници богати со скроб. Кај нормалните луѓе по внес на јаглехидрати имаат помалку концентрација и помалку се енергични, без разлика на годишната возраст, но кај лицата со сезонско пореметување во расположението ова е обратно.
Кај таквите лице, јаглехидратите имаат улога на антидепресиви, т.е. им даваат енергија и го подобруваат нивното расположение.

За да си го олесните сезонското пореметување во расположението можете да јадете слатки или да се храните здраво и да консумирате храна богата со сложени јаглехидрати како што се: грав, тестенини, зеленчук, житарици, леб и крекери по можност направени од интергрално брашно.

Кафе

Кафето е чудотворен напиток кој на луѓето наутро им ја враќа насмевката на лице.
Меѓутоа преголема количина на кофеин може да ве раздразни и да ви го расипе расположението, да ви го расипе сонот и да предизвика вознемиреност што многу зависи од индивидуалното влијание на оваа супстанца.

Фолна киселина

Фолната киселина е витамин Б кој во изобилие се наоѓа кај лиснатиот зеленчук. Најбогати се зрнестите плодови. На научниците им е добро познато дека фолната киселина може да делува антидепресивно, а недостатокот на фолна киселина предизвикува пад на сератонин во мозокот, меѓутоа и големото количество на фолна киселина може да биде токсично.

Селен

Наголемиот дел од селенот во храната се наоѓа во житариците, морската храна и месото, но шампион меѓу овие намирници е бразилскиот орев, кој е најбогат со селен. Доволно е да се изеде еден бразилски орев дневно за да го подобрите вашето расположение. Не треба да претерувате, бидејќи селенот во големи количини може да биде токсичен.

Доволна количина на селен:

1 бразилски орев,
130г туна без масло
200г школки
140 г варени остриги
130г сончоглед
230г суви овесни снегулки
пет ипол шолји експандирани пченични снегулки

Лук

Лукот и како и чили зачинот можат да го подобрат расположението т.е. го подигаат нивото на ендорфин и создаваат привремено чувство на опуштеност. Некои луѓе се навикнуваат на лутиот зачин баш поради ова пријатно чувство и затоа се почесто јадат полута храна.

Извор : hybread.mk

Коментирај