4 храни кои го зголемуваат машкото либидо

0
1024

Претставувањето во спалната соба може да зависи од различни фактори. Според специјалистите во областа на исхраната она што го јадат мажите, може да влијае на сексуалниот живот. Тие тврдат дека малите промени во исхраната можат добро да го негуваат и либидото.

Кои се „магичните храни“, кои дејствуваат како афродизијак?

1. Црно чоколадо
Темното чоколадо го зголемува нивото на серотонин и допамин во мозокот, што го зголемува чувството на среќа и потоа помага за вистинскиот амбиент. Чоколадото содржи и фенилетиламин – супстанца која се формира кога сме заљубени.
Со оглед на тоа дека лошото расположение и стресот можат да бидат тесно поврзани со намаленото либидо, консумирањето на неколку парчиња црно чоколадо дневно е добар начин за зголемување на страста.

2. Јаткасти плодови
Јатките ја зголемуваат енергијата, а заедно со неа и желбата за секс. Бадемите, бразилските ореви, оревите и фстаците обезбедуваат сè што е потребно за здраво формирање на хормоните кај мажите.

3. Лук
Лукот содржи високи нивоа на алицин и го зголемува протокот на крв, кој може да им помогне на мажите со еректилна дисфункција.

4. Брокула и целер
Овие зеленчуци дефинитивно може да бидат корисни кога станува збор за активност во спалната соба. Тие помагаат за отстранување на вишокот естроген и го зголемуваат нивото на тестостерон. Во целерот пример може да се открие андростерон – хормон без мирис, кој се излачува преку машката пот и дејствува возбудувачки на жените.

Коментирај