4 домашни маски за справување со расцутените краеви на косата

0
609

Сигурни сме дека многу жени со долга коса се запознати со овој проблем. За да ставите крај на овие проблеми пробајте ги овие домашни маски кои ќе и дадат живот
на вашата коса.

Маска од ореви
Потребни ви се 20 грама ореви и 1 лажичка маслиново масло. Измелете ги оревите и измешајте ги со  маслиновото масло. Нанесете ја маската на краевите на косата и оставете ја да постои 20-30 минути. Исплакнете ја маската со вода.

Маска од мед и жолчка
Потребни ви се жолчка од јајце, 1 кафена лажица мед, 2 лажици маслиново масло. Имешајте ја жолчката, додадете го медот и маслиновото масло.
Нанесете ја маската по целата должина на косата. Со масажа втријте ја маската во
корените на косата. Намотајте ја косата во пунџа и завиткајте ја со крпа за глава
и оставете ја маската да делува околу 30 минути. Измијте ја маската со млака вода.

Зелена маска
Потребни ви се 25 грама безбојна кана и 1 кафена лажица маслиново масло. Истурете ја каната со зовриена вода во сооднос 1: 3 и додадете го маслиновото масло. Нанесете ја маската на целата должина на косата и оставете ја 30 минути. Исплакнете со млака вода.

Маска од кефир
Потребни ви се 100 мл. кефир, 1 жолчка од јајце и 1 лажица сок од лимон. Ставете ја жолчката и сокот од лимон во кефирот. Добро промешајте. Нанесете ја маската по целата должина на косата.
Намотајте ја косата во пунџа, покријте ја со крпа и оставете ја маската да дејствува 30-40 минути.

Коментирај