38 милијарди долари – толку ќе ги чини разводот најбогатиот човек на светот

0
242

Основачот и првиот човек на гигантот од светот на интернет продажбата, Amazon, истовремено и најбогат човек на светот во моментов, милијардерот Џеф Безос, во рамки на бракоразводната парница со неговата сопруга Мекензи неа ќе ја искешира вртоглави 38 милијарди долари.

Во април, компанијата Amazon објави дека 4 проценти или 19,7 милиони акции ќе треба да бидат регистрирани на Мекензи Безос откако судот го одобри разводот.

Двојката објави дека планираат да се разведат во заедничка изјава на Твитер во јануари, предизвикувајќи загриженост дека Џеф Безос би можел да заврши со намалени гласачки права во бордот на компанијата. Тој сепак задржува учество од 12 проценти во вредност од 114,8 милијарди долари и останува најбогат човек на светот, информира Блумберг.

Во мај, Мекензи најави дека половина од богатството ќе го даде за хуманитарни цели за да се приклучи на кампањата „Giving Pledge ” која во 2010 година, ја покренаа милијардерот Ворен Бафет и ко-основачот на „Microsoft”, Бил Гејтс.

Извор: taratur.mk

Коментирај