30 работи што никогаш не треба да ги правите во врската

0
1076

Во љубовта сите очекуваат да се случи најдоброто. Понекогаш врските почнуваат со многу страст, посветеност, но постепено како нешто да се прекинува и одеднаш се заладуваат односите…
Дали сакате да имате здрава врска? Дали уживате во љубовта со вашиот партнер?

Видете кои се 30-те работи кои треба/не треба да ги правите:

1. Не прескокнувајте ги бакнежите! Морате да се бакнувате секој ден!
2. Кога е неопходно жртвувајте ги сопствените интереси на сметка на вашиот партнер.
3. Не легнувајте си лути.
4. Не притискајте за заеднички дом!
5. Не се „истурајте“ на вашиот партнер ако сте лути за нешто што не е поврзано со него!
6. Не зборувајте за проблемите со вашите пријатели туку со вашиот партнер.
7. Не го осудувајте вашиот партнер.
8. Организирајте романтични вечери.
9. Не се забавувајте цело време САМО со вашите пријатели.
10. Не го земајте „здраво за готово“ вашиот партнер.
11. Држете се за раце.
12. Не поминувајте повеќе време со вашите пријатели и колеги отколку со вашиот сакан.
13. Обидете се да бидете пострастни, спонтани, сензуални, посветени.
14. Не се ставајте секогаш на прво место.
15. Не се сомневајте во чувствата на вашиот партнер.
16. Кажувајте „те сакам“ кога навистина го мислите тоа.
17. Не давајте лажни очекувања.
18. Не ги чувајте емоциите за вас! Споделете ги со вашиот партнер!
19. Не ги преувеличувајте вашите чувства и не го залажувајте партнерот!
20. Наутро подгответе кафе за себе но и за вашиот партнер.
21. Прашувајте што чувствува и што му е потребно во врската.
22. Не избегнувајте да зборувате за она што го гледате како иднина за вашата врска.
23. Заедно развивајте ја врската.
24. Прилагодете се на заедничкиот живот.
25. Бидете заинтересирани за мислењето на другиот.
26. Гордејте се со него.
27. Немајте преголеми очекувања од партнерот.
28. Не заборавајте дека љубовта е предизвик за кој се потребни секојдневни напори.
29. Секогаш напомнувајте му на вашиот партнер колку е важен за вас.
30. Грижете се еден за друг.

Коментирај