30 работи со кои можете да го освоите срцето на една жена

0
1725

Дечки, сакате ли да направите една жена навистина среќна? Не е толку тешко како што мислите. Кога сте со неа, треба да најдете начин да и покажете чувства, затоа ви нудиме неколку едноставни начини да сторите тоа.

1. Испратете и порака ноќе, за да може кога ќе се разбуди да го започне денот со насмевка.
2. Кажете и дека е прекрасна наместо убава и слатка.
3. Изнанедете ја со мал подарок.
4. Осигурајте се дека таа знае дека се плашите да не ја изгубите.
5. Однесувајте се со неа, кога сте со други луѓе, на ист начин кога сте и сами.
6. Бидете до неа, кога има потреба од вас.
7. Не оставајте ја целата организација на неа туку преземете иницијатива за вашите средби.
8. Испратете и порака дека мислите на неа, кога најмалку се очекува тоа.
9. Претставете ја на луѓето кои значат многу за вас. Бидете сигурни дека таа знае кои се тие.
10. Направете ја приоритет, а не опција.
11. Поминете ја ноќта во гледање филмови и милување, наместо да излезете со другарите.
12. Бидете кавалер – помагајте и да го соблече палтото, тргнете го нејзиниот стол, почекајте ја да порача прва.
13. Оставете ја да победи во спор, дури и да не е права.
14. Направете и комплимент дека е ослабена и изгледа прекрасно.
15. Почитување ја. Почитувајте го нејзиното семејство, пријателите и нејзините вредности.
16. Танцувајте полека со неа дури и да нема музика.
17. Изненадете ја од страната на грбот, фатете ја за половината, бакнете ја нежно по вратот и кажете и дека ја сакате.
18. Поддржувајте ги нејзините амбиции и љубете ги нејзините недостатоци.
19. Однесете ја на романтично патување, без да и кажете каде да одите.
20. Дајте и ја вашата јакна кога надвор е студено.
21. Натерајте ја да се чувствува како да е единствената жена на светот.
22. Борете се за неа, кога таа е подготвена да се откаже, и држете ја цврсто кога е слаба.
23. Никогаш не дозволувајте некој друг да ви влијае, кога станува збор за неа. Таа сака вие сам да ги донесувате одлуките за вашата врска.
24. Чувајте ја цврсто на јавни места, за да покажете на светот дека се гордеете со неа.
25. Секогаш правете го првиот чекор. Не ја чекајте.
26. Носете и цвеќиња без повод.
27. Предложете и да и направите масажа. Може и еротска.
28. Избегнувајте да одговарате едноставно со „добро“ или со нешто слично, што ја тера да мисли дека не сте ја слушале кога ви зборувала.
29. Ставете ваша заедничка слика на вашиот телефон, за да знае дека секогаш мислите за неа.
30. Дадете и ветување дека никогаш нема да ја напуштите и почитувајте го тоа.

Коментирај