3 знаци кои покажуваат дека имате работа со пасивно-агресивна личност

0
452

Сите ние барем еднаш во животот сме се нашле во ситуација во која требало да се справиме со некој пасивно- агресивен човек. Овие луѓе обично не сакаат да ве вознемират или да ве натераат да се чувствувате непријатно. Тие едноставно не знаат како да се справат со своите чувства. Ова, се разбира, не значи дека треба да го прифаќате тоа и да го толерирате нивното однесување.

За да ги препознаете овие лица, внимавајте на овие знаци:

1. Ви поставуваат прашања што ве ставаат во одбрамбена позиција
Ако некој реагира на нешто како „Дали си луд/а?“ или „Зошто воопшто некогаш да го направам тоа?“, ова е дефинитивно знак за пасивно агресивно однесување. Овој напад, врз основа на реторички прашања, веднаш ве става во одбрамбена позиција. Можете да заборавите за цивилизиран разговор, бидејќи во оваа ситуација, ниту еден од вас нема се чувствува слободен да биде свој. Ова дефинитивно не може да биде основа за пријателство.

2. Одбива да учествува во конфликт
Кога се обидувате да направите сериозен разговор, тој или таа се обидува да избега или пак не престанува да си „работи“ во својот телефон. Откако некој ќе одбие да учествува во одреден конфликт, тоа значи дека тој е незрел и ве става во непријатна положба. Не плашете се да „играте“ според нивните правила.

3. Овие луѓе секогаш доцнат
Имате пријател кој секогаш доцни петнаесет минути, или колега кој постојано го менува крајниот рок за работниот проект. Тие намерно се обидуваат да го изгубат вашето време или да ве загрижат. Пасивно-агресивните луѓе имаат потреба од контрола.

Коментирај