3 важни причини зошто да бидете искрени со себе

0
131

Многумина ги дефинираат своите лични квалитети според јавното мислење, а тоа претставува голем ризик на оддалечување од самите себе. Меѓутоа, да бидете искрени со себе е многу важно и за вашиот личен развој и за вашата врска со другите.

Ако ви треба убедување во овој поглед, ви  претставуваме неколку важни причини зошто морате да бидете искрени со самите себе:

1. Кога сте искрени со себе, го победувате стравот
Кога сте поврзани со вашата вистина и вредности, на вас не можат да влијаат негативните мислења на другите насочени кон вас. Тогаш знаете кои сте и знаете дека не треба да се променувате.  Исто така не чувствувате потреба да им судите на другите или да озборувате, бидејќи можете да се прифатите себеси и нив такви какви што се.

2. Чесноста е многу важна, за да можете да бидете искрени со другите
Ниту една врска не може да преживее ако се развива без чесност. Ако ја криете својата вистина од себеси, како ќе ја споделите со некој друг?

3. Создава чувство на слобода, отвореност и среќа
Кога вашето физичко јадро е силно и стабилно, целото ваше тело е посилно и пофлексибилно. Истото важи и за вашето духовно и емоционално јадро. Кога е стабилно, вашиот живот е слободен.

Коментирај