3 совети за здрави стапала во текот на летото

0
896

Во летните месеци многу повеќе ги излагаме нозете на надворешните услови – трева, песок, градината во дворот…
Освен што треба да се погрижиме за кожата на лицето и телото, кожата на стапалата исто така, бара посебно внимание во овој период од годината. Потребно е да внимаваме за да го спречиме развојот на инфекции и болни повреди.

На што треба да се посвети посебно внимание?

1. Да избегнуваме да одиме боси
Колку и примамлива да ни е оваа идеја подобро е да се воздржиме или барем да ги ограничиме овие нагони.
Кога не носиме чевли, поверојатно е да добиеме изгореници, габи или можеме да ги повредиме нашите стапала.

2. Да бидеме внимателни со педикирот
Одењето во салони за убавина е задолжително за многу жени во текот на летото, но е препорачливо да се внимава со нив. Овие процедури кријат ризик за здравјето, бидејќи можат да доведат до развој на габички по ноктите, брадавици и бактериски инфекции. Затоа е многу важно да ја следиме хигиената во салоните за убавина, пред да се довериме на нивните услуги.

3. Да ги носиме вистинските чевли
Апостолките и сандалите се задолжителните летни обувки, но нашите нозе не ги сакаат колку што и ние. Наместо да ги избегнуваме целосно што е и невозможно во летните горештини, треба да избереме сандали и апостолки кои ќе ни обезбедат поголема поддршка за да ги заштитиме нашите нозе.

Коментирај