3 состојки кои ги заздравуваат ноктите

0
288

Недостатокот на витамини, секојдневното чистење, долготрајното нанесување на гел лак се само дел од причините кои можат да ја нарушат цврстината и убавината на ноктите. Дури и да немате проблеми со ноктите, важно е еднаш или два пати неделно да ги негувате за да бидат здрави и убави.

Потребни ви се само три состојки, три етерични масла, за да ја вратите убавината на вашите раце само за неколку недели.

Во чаша комбинирајте 7 капки масло од лимон, 3 капки масло од морков, 6 капки кокосово масло (тоа количество ќе ви стигне за ноктите на нозете и рацете). Добро промешајте. Потоа со помош на пипета врз секој нокт ставете по 1-2 капки и нежно масирајте ги во текот на неколку минути. Не е потребно плакнење.
За да можат маслата да дејствуваат подолго време, најдобро правете го овој третман вечер пред спиење. Не заборавајте однапред да ги исчистите ноктите од лакот.

loading...

Коментирај