3 работи кои се проблем во интимниот живот на паровите

0
262

Ако сте во долга врска, постои можност да се јават проблеми во сексуалниот живот. Која е причината, дали заради времето поминато заедно кое влијае на опаѓање на возбудата или е нешто друго во прашање, не е важно. Тоа на кое треба да му се даде значење е решавање на проблемот.

А како најдобро се решаваат проблемите? Со зборување за истите. Многу парови ја избегнуваат темата што е сосема погрешно. Потребно е да се разговара и комуницира за тоа.

Рутина

Не е изненадување ако партнерите влезат во некоја рутина. Тоа на почеток можеби ќе им одговара на двајцата, но понатаму ќе стане проблем за едниот сигурно. Го знаете следниот потег на партнерот, сте пробале се досега и ова е сигурен рецепт до оргазам. Но, потребна е промена ако не сакате да стане монотоно или пак да заврши врската.

Тој/таа мисли дека сè што прави е одлично

Ако ова е случајот, а партнерот се плаши или му е непријатно да каже, време е за разговор. Треба да му кажете што точно сакате и да работите на подобрување на работите.

Нечие либидо е појако

Ова е уште еден проблем кој треба да се реши. Ако нејзиното либидо е појако, тоа придонесува мажите да се чувствуваат доволно “мачо”. Ако пак мажот е тој кој има поизразено либидо, жените се чувствуваат недоволно добри за нив оти не можат да ги следа во чекор.

Кој и да е проблемот, потребен е здрав разговор и постојана комуникација, не за време на сексот оти така нема ништо да се реши туку само ќе се искомплицира. Најдете соодветно време да го средите интимниот живот, ако сакате да бидете понатаму во врската.

Коментирај