3 правила за добра комуникација во една врска

0
691

Ние често ја потценуваме моќта на зборовите и истовремено не сакаме да ги подобриме нашите комуникациски навики. Од друга страна, ние сме навредени кога некој нè третира лошо, особено во љубовта.

Секоја врска поминува низ кризи, а една од нив е лошата комуникација. И двајцата партнери престануваат да посветуваат внимание на изборот на зборови и тонот што го си го зборуваат едни со други. Тие не размислуваат како да ја одржуваат топлината во комуницирањето и да ја подобрат комуникацијата.

Постојат три едноставни правила за добра комуникација во една врска:

Кога зборувате за сопствените желби, не користете „не” и „не сакам“
Кога разговарате со вашиот партнер, бидете внимателни и не користете ги изразите „не сакам“, „не може“, зборот „не“ и сл. Ова правило важи особено кога ги споделувате вашите желби.

Лош израз: „Не сакам да ме контролираш“.
Добар израз: „Сакам да ми веруваш повеќе“.

Користете „и“ наместо  „но“
Ова правило изгледа едноставно, но ќе треба долго време за да се навикнете на оваа промена. Но, таа несомнено вреди. Можете сами да ја видите разликата:

Лош израз: „Јас те разбирам, но сакам да ме разбереш и ти мене“.
Добар израз: „Јас те разбирам и сакам да ме разбереш“.

Лошото изразување може да му изгледа на партнерот како да сакате да се поставите како авторитет над него/неа. Ова може да предизвика несогласување и додатни расправии.

Не уништувајте ги добрите моменти со критики
Ако сакате да го/ја пофалите вашиот/та партнер/ка бидете сигурни дека не ги мешате комплиментите со критиките.

Лош израз: „Вечерата беше вкусна, за разлика од вчера.“
Добар текст: „Вечерата беше вкусна, благодарам.“

Се разбира, зборовите би можеле да ви се „испуштат“ несакајќи а вие да не сте мислеле да кажете нешто лошо. Но, кога тоа често се случува може да придонесе до големи проблеми во односите помеѓу партнерите.
Секогаш можете да ги најдете вистинските зборови за да покажете дека нешто може да биде подобро. Добрата комуникација во односите се гради секој ден и таа е од клучно значење за добра и силна врска.

Коментирај