3 од најскапите голи девојки во светот!

0
2604

Нема ништо лошо во мртвата природа и пејзажите но сликите со голи жени го поткреваат нашиот естетски нагон.

Легната гола жена
Творец: Амадео Модилјани
Период: експресионизам
Креирана: 1917 година
Цена: 170 милиони долари
Амадео Клементе Модилјани е италијански сликар и скулптор кој главно работел во Франција. Тој создава специфичен стил кој не се вклопува  во движењата во уметноста од тоа време.

Гол модел, зелени лисја и гради
Творец: Пабло Пикасо
Димензии: 1,63 m x 1,3 m
Период: Кубизам
Креирана: 1932 година
Цена: 106 милиони долари
Пабло Пикасо е шпански сликар и скулптор. Тој е исклучително продуктивен
уметник. Неговото творештво минува низ многу и различни периоди. Познати се неговиот Син период, Розов период, период под влијание на африканската уметност, аналитичкиот кубизам и периодот на синтетичкиот кубизам. Се тврди дека неговото најпознато дело е описот на бомбардирањето на Герника во Шпанија. 

„Дијана и Актеон“
Творец: Тицијан
Димензии: 1,85 m x 2,02 m
Креирана: 1556 година-1559 година
Цена: 70 милиони долари
Тицијан или Тицијано Вечели ( 1487/1490 – 27 август 1576) е прочуен италијански сликар, основач на Венецијанската сликарска школа, автор на голем број слики кои претежно ги прикажуваат животот и обичаите на Венецијанската Република. Тицијан бил најважната и највлијателна фигура во областа на ликовната уметност на преминот од ренесансата во барокот. Кога имал десет години неговите родители го испратиле во Венеција, каде се школувал во работилницата на Себастиан Цукато и Џовани Белини.

Коментирај