3 мистериозни загатки кои ќе ве измачат да ги решите

0
54

Три мистериозни загатки кои ќе ве измачат да ги решите:

Леден чај
Две девојки излегле заедно на вечера. Двете порачале леден чај. За времето во кое првата девојка ја испила првата чаша, втората испила пет чаши леден чај. Девојката која испила само една чаша умрела, додека другата преживеала.
Во сите пијачки имало отров. Како преживеала девојката што испила повеќе чаши ладен чај?

Касета
Непознат маж е пронајден мртов со касетофон во едната рака и пиштол во другата.
Кога пристигнала полицијата, веднаш го притиснале копчето PLAY на касетофонот.
На касетата било снимено „Немам зошто да живеам повеќе. Не можам да продолжам“, а потоа истрел од пиштол.
После преслушувањето на касетата полицајците знаеле дека се работи за убиство, а не за самоубиство.
Како го знаеле тоа?

Богати луѓе
Човек е пронајден мртов во недела наутро. Неговата жена повикала полиција и полицијата ги испрашувала жената и послугата.
Тие ги приложиле следните алибија:
Жената рекла дека спиела
Батлерот го чистел шпајзот
Градинарот собирал зеленчук
Слугинката била да ја земе поштата
Готвачот подготвувал појадок
Полицијата веднаш го уапсила убиецот.
Кој бил убиецот и како полицијата била сигурна?

Одговори
1. Отровот бил во мразот.
2. Ако човекот се застрелал самиот додека се снимал, како ја премотал касетата?
3. Нова пошта не стигнува во недела.

Извор: Tarataba.mk

Коментирај