3 лекции за успех од моќни жени

0
62

Додека светот се обидува да ги игнорира и потисне жените со амбиција, многу од нив  кои се влијателни на светско ниво, се обидуваат да го променат тоа.

Според студија на Columbia Business School, жените со амбиција се помалку сакани и уживаат помалку доверба во општеството, за разлика од оние кои немаат амбиција.

Моќните жени ги плашат останатите. Синди Лив, поранешна уредничка на списанието Гламур, вели: „Aјде сите заедно да ја дефинираме повторно улогата на жените кои сакаат нешто за себе, но и за сите останати.“ Со други зборови, жените кои се амбициозни.

1.Верувајте им на своите инстинкти

Рис Витерспин верува дека светот ќе стане подобро место за живеење за жените, за да можат да се охрабрат и да бидат уште поамбициозни. Кога таа отворила своја филмска продукција за да ја раскаже женската страна на животот, и било кажано дека не постои простор на пазарот за „женски“ материјал и затоа нејзиниот бизнис нема да издржи повеќе од неколку години. Таа го сфатила тоа како предизвик.

Big Little Lies, големиот HBO хит кој таа го продуцираше и донесе 8 ЕМИ награди само за првата сезона, а ја вивна во облаците и нејзината продукциска куќа Hello Sunshine.

Аplle неодамна купи три Hello Sunshine проекти, кои важат за едни од најскапите во историјата, 240 милиони за 20 епизоди.

Успехот на Риси Витерспун е важна лекција за сите идни претприемачи.Верувајте си себеси и на инстиктите и не прифаќајте НЕ за одговор.

2. Не барајте дозвола

Сценаристката и продуцент, Мини Калинг јасно и гласно се води по мотото „Нема повеќе омаловажување и тргање на страна, со помислата дека некој друг го заслужува вашиот сон. Ако сте се дале себеси во работата, вие заслуживате успех, кој не ви е даден туку-така, туку сте го заработиле. Затоа ќе успеете!“

Таа вели дека не сака жени кои после секоја работа прашуваат дали е ок. Калинг е човек кој не прифќа НЕ за одговор и се бори за своите права преку работа и упорност.

3.Флертувајте со вашиот успех

Модната дизајнерка Тори Бирч им вели на жените да ги прифатат амбициите. Преку нејзината фондација „Tory Burch Foundation “ ги поддржува идните женит претприемачи. Таа според магазинот Форбс беше прогласена за една од најмоќните жени во светот. Бирч смета дека жените треба да се ребрендираат себеси за светот почне да гледа поинаку на амбициозните жени. Токму заради тоа, ја основаше Fellows програмата која дава грантови и обезбедува поддршка на жени со амбиција за идни претприемачи.

Извор:hybread.mk

loading...

Коментирај