3 корисни етерични масла против брчки

0
1794

Стареењето на кожата е неповратен процес. Сепак овој процес може да биде забавен и одложен максимално во времето. Тоа може да се случи со помош  на природни етерични масла од природата.
Кои се најсоодветните етерични масла против појавата на брчки?

Арганово масло
Аргановото масло неслучајно го носи прекарот „течно злато“. Тоа е моќно средство во борбата против стареењето. Ова масло содржи силни антиоксидантни својства. Помага исто при слаба, сува и фарбана коса така што го враќа нејзиниот сјај.
Аргановото масло е многу богато со витамин Е, кој е важен не само за косата туку и за кожата. Тој има силни својства кои штитат од рана појава на брчки.

Кокосово масло
Кокосовото масло прави чуда со кожата, косата и општото здравје на организмот. Тоа го олеснува сушењето и кожните иритации ги отстранува испуканите усни, хидрира длабоко и штити од стареење.
Кокосовото масло е многу богато со важни масни киселини кои ја оддржуваат еластичноста на клетките, го олеснуваат и го стимулираат нивното делење и го спречуваат губењето на течности во нив.
Со редовна употреба на природно кокосово масло се намалуваат брчките и уморниот изглед на кожата, најчесто околу очите.

Бадемово масло
Бадемите исто така се многу богати со корисни масти. Омега-3 масните киселини во нив ги штитат клетките на кожата од стареење. Имаат смирувачки ефект и хидратираат во длабочина.
Бадемовото масло има хипоалергичен ефект кој ја смирува иритираната кожата и го намалува црвенилото. Сушењето на кожата исто така се намалува, а заедно со неа и брчките.
Бадемовото масло е корисно уште и кај појавата на псоријаза и егземи.

Коментирај