3 ДОКАЗИ ЗА СКРИЕНИТЕ НАМЕРИ: Еве кога не треба да им верувате на колегите

0
523

Луѓето поголемиот дел од денот го поминуваат на своето работно место, помеѓу своите колеги. Колегите може во голема мера да влијаат на вашето расположение, но и на вашите резултати од работата. Тешко е да се работи со луѓе кои имаат скриени намери, треба да се научите како да ги препознаете, а во тоа може да ви помогнеме ние.

1. Ги презема сите заслуги како свои, а кои се резултат на тимска работа

Речиси секој во својата работна околина, помеѓу своите колеги, барем еднаш има сретнато личност која без никаков проблем ги презема сите заслуги за нешто што било резултат од тимска работа. Според психолозите, кога некој колега ќе ги преземе вашите идеи како свои, тогаш тоа е знак дека нешто не чини.

2. Не е тимски играч

Здравата конкуренција треба да постои кај секој работник и нема ништо лошо во тоа да сакате да бидете најдобри во својата работа. Меѓутоа, во сето ова од особена важност е да останете тимски играч, а доколку вашиот колега секогаш го игнорира тимот и работи исклучиво за себе, тоа во еден момент ќе стане проблем. Со личноста која е фокусирана само на себе и на својата лична корист, тешко е да воспоставите колегијален однос и тогаш работната атмосфера станува непријатна.

3. Често лаже

Лагите ги нарушуваат односите и создаваат сомнежи помеѓу колегите. Некому искреноста на работното место му е многу важна, додека пак други не ѝ придаваат многу значење, па честопати лажат.

loading...

Коментирај