25 мудрости од Буда што ќе го променат вашиот живот

0
1003

Bо повеќето будистички традиции го почитуваат Сидарта Гаутама (566-483 п.н.е.) како Врховен Буда на нашата ера, а самиот збор „Буда“ значи „разбуден“, „просветлен“.
Во продолжение прочитајте ги најмудрите изреки на бесмртниот Буда:

1. Она што сме е резултат на она што го мислиме. Умот е сѐ. Тоа што го мислиме, тоа и стануваме.

2. Животот не е проблем кој треба да се реши, туку реалност која треба да се доживее.

3. Има само едно време, што е од суштинско значење – тоа време е сегашноста. Не живејте во минатото, не сонувајте за иднината, концентрирајте се целосно на сегашниот момент!

4. Времето е голем учител. Проблемот е што ги убива своите ученици.

5. Тајната на успешните луѓе во повеќето случаи не е ништо друго освен резултатите од нивните дејства.

6. Нема пат кон среќата. Среќата е патот.

7. Нека секој човек прво го направи  правилното за себеси, а потоа нека ги учи другите.

8. Мирот доаѓа однатре. Не барајте го надвор.

9. Ако во битка некој победи илјадници непријатели, а друг самиот себе, тогаш вториот е поголем освојувач. Победата над себе е подобра од победата над сите други луѓе. Никој не може да ја победи победата на човекот кој се надминал себеси.

10. Не следете никого, следете се само самите себе.

11. Не верувајте во ништо, без разлика каде го читате или кој ви го кажал, дури и тоа да сум јас, освен ако тоа не е во согласност со вашиот ум и разум.

12. Гледањето на раѓањето и смртта на суштествата е исто како да ги гледате движењата на танцот. Животот е како блесокот на молња на небото кој слегува како поплава на стрмна планина.

13. Добрата акција ги прави сите среќни. Секој може да го стори дури и невозможното.

14. Добриот збор често е поповолен отколку водата или сенката.

15. Не е доволно некој да биде добар човек ако не прави ништо.

16. Медитирајте. Живејте чесно. Бидете спокојни. Работете со мајсторство. Како што Месечината се појавува од облаците – блескајте!

17. Една свеќа може да запали илјадници други без да и се намали животот. Среќата не се намалува ако ја споделите.

18. Доблеста е повеќе прогонувана од злобните отколку што е љубена од доброто.

19. Дури и смртта не може да го исплаши човекот кој живеел разумно.

20. Да се живее дарежлив живот, не треба да се мисли на ништо како свое, кога сте опкружени со изобилство.

21. Здравјето е најголемиот дар, добрината е најголемо богатство, чесноста е најдобриот пријател.

22. Единствениот вистински неуспех во животот е да не бидете верни на тоа што знаете дека е правилно.

23. Никој не може да нè спаси освен ние самите. Никој не сака и никој не може. Ние самите мораме да одиме по патот.

24. Ништо не е посмртоносно од навиката на сомневањето. Сомнежот ги дели луѓето. Тој е отров кој го уништува пријателството и ги крши добрите односи. Тој е трн кој иритира и повредува. Тој е меч кој убива.

25. Омразата никогаш не престанува преку омраза. Омразата престанува преку љубовта. Ова е непроменлив закон.

Коментирај