23-годишна скопјанка тешко повредена во сообраќајка кај Зелениково

0
263

На 28.11.2019 во 20.00 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Морани – с.Зелениково патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.О.(23) од с.Зелениково, Скопско, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.О., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коментирај