20 лесни правила за среќен живот: Подобро е да имаш мир, отколку да бидеш во право

0
315

Среќата е индивидуална работа. За некои луѓе, среќата е можна само ако имаат куќа покрај море и луксузен автомобил, а некој едноставно само сака да сака и да биде сакан. Без оглед на тоа кој како ја дефинира среќата, секој човек треба да знае дека сѐ е во наши раце и преку фокусирање на својата цел, можно е да добие сѐ што ќе посака.

Ова се 20 совети кои ќе ви помогнат да ги остварите своите цели и да бидете среќни:

1. Запомнете дека никому не должите ништо. 2. Запомнете и дека никој вам не ви должи ништо. 3. Обидете се да не се расправате со никого. Подобро е да имате мир, отколку да бидете во право. 4. Секогаш сметајте на себеси. 5. Избегнувајте комуникација со будали.

6. Не штедите премногу. 7. Живејте денес, затоа што  „вчера“ веќе не постои, а „утре“ може и да не дојде. 8. Ако сте виновни – признајте и не си барајте оправдувања. 9. Секогаш имајте на ум дека секој има своја вистина и таа често нема да се поклопува со вашата. 10. Ако не сте добро расположени, потрудете се да се сетите на сите добри работи во животот.

11. Не гледајте премногу телевизија.  12. Обидете се да извлечете задоволство од секое случување. 13. Секогаш имајте на ум дека овој живот е скапоцен. 14. Најважно нешто во животот е љубовта, сѐ останато е суета. 15. Вашите проблеми се само во вашата глава.

16. Светот околу вас не е ни добар, не е ни лош, на светот му е сеедно за вас. 17. Бегајте од политика, таа го вади најлошото од луѓето. 18. Не верувајте на ветувања, туку на својот инстинкт. 19. Бидете трпеливи со луѓето. 20. Денешниот ден е најдобриот ден.

Следете ги овие едностанви правиле и ќе видите дека вие сте господар на вашиот живот и самите одлучувате по кој пат ќе одите.

Коментирај