2 мај соопштение за чудовиштето од Лох Нес

0
476

Чудовиштето од Лох Нес е животно кое наводно живее во езерото Лох Нес, планинскиот дел на Шкотска. Доказ за неговото постоење е во голема мера анегдотичен, со минимален и повеќе оспоруван фотографски материјал и сонарни мислења. Научната заедница го смета чудовиштето Лох Нес како модерен мит и ги објаснуваат забележувањата како мешавина од лаги и неостварлива желба. Легендарното чудовиште е нежно наречено со деминутивот Неси (Nessie) (шкотско келтски: Niseag) од 1950-тите.

Терминот „чудовиште“ e наводно создаден на 2 мај, 1933 година од Алекс Кемпбел, надзорникот на водите на Лох Нес и хонорарен новинар, во известување за Инвернес Куриер (Inverness Courier) после тврдењето на маж од Лондон, Џорџ Спајсер (George Spicer), дека додека се возел со моторот околу езерото, тој и неговата жена го имале ,,најблиското приоѓање на змеј или праисториско животно што сум го видел во мојот живот“, кое се тркалало преку патот кон езерото, носејќи ,,животно” во неговата уста.

Овие приказни брзо стигнале на националниот (а подоцна и на меѓународниот) печат, во којшто се зборувало за ,,рибата-чудовиште”, ,,морската змија” или ,,змеј”, одредени според ,, Чудовиштето од Лох Нес”. На 6 декември, 1933 година, била објавена првата наводна фотографија од чудовиштето, направена од Хју Греј (Hugh Gray), и кратко потоа секретарот на Шкотска и наредил на полицијата да спречи било каков напад врз животното ако некој се обиде да го направи тоа.

Во 2003 година БиБиСи финансира научна експедиција со хидролокатор и сателит за да се прегледа целото езеро. Во езерото не било ништо пронајдено.

Коментирај