19 златни правила за комуникацијата

0
2487

Џон Максвел го формулира овој законик со кратки и едноставни правила, со кои секој може да го развие својот талент за комуникација. Ако секој ги прочита овие правила барем еднаш, светот дефинитивно ќе стане подобро и попријатно место за живеење.

1. Огледално правило. Пред да ги судите другите, видете се прво себеси.
2. Правилото на болката. Навредениот човек возвраќа со навреди.
3. Правилото на стрмниот пат. Ние се искачуваме на повисоко ниво кога ќе почнеме да се однесуваме со другите подобро отколку тие што се однесуваат со нас.
4. Правилото на бумерангот. Кога им помагаме на другите си помагаме на самите себе.
5. Правилото на размената. Наместо да им  „покажеме каде им е местото“ на другите, треба да се поставиме себеси во нивната кожа.
6. Правилото на обуката. Секој кој ќе го сретнеме, е потенцијално способен да нè научи на нешто ново.
7. Правилото на харизмата. Луѓето пројавуваат интерес кон оној кој е заинтересиран за нив.
8. Правилото на највисоката оценка. Вербата во најдобрите квалитети на луѓето ги тера да ги пројават своите најдобри квалитети.
9. Правилото на конфронтацијата. Прво, треба да им дадеш внимание на луѓето и дури потоа можеш да влезеш во конфронтација со нив.
10. Правилото на скалата. Довербата – тоа е основата на секој тип односи.
11. Правилото на лифтот. Во процесот на односи, можеме да ги креваме луѓето нагоре или да ги спуштаме надолу.
12. Правилото на ситуациите. Никогаш не дозволувајте дадена ситуација да значи повеќе за вас од односите спрема одреден човек.
13. Правилото на трпението. Патувањето со други секогаш е побавно отколку патувањето сам.
14. Правилото на Боб. Кога Боб има проблеми со сите, главниот проблем е Боб, не другите.
15. Правилото на пристапноста. Леснотијата при комуникација сам со себе, им помага и на другите да се чувствуваат слободно и мирно со нас.
16. Правилото на дупката. Кога се подготвуваш за борба, ископај за себе таква дупка каде што ќе има место за твојот противник но и за тебе.
17. Правилото на 101 проценти. Најдете 1 процент, со кој се согласувате и вложете ги во него 100-те проценти од вашите напори.
18. Правилото на интеракцијата. Заедничката работа ја зголемува веројатноста од заедничката победа.
19. Правилото на празнувањето. Вистинскиот тест за односите не е само дали останувате верни на вашите пријатели кога трпат неуспех туку и колку сте среќни кога успеваат.

Коментирај