15 години од матура: Еден здебелен, друг разведен, трет директор…

0
270

Ана, со математиката таа си има мака,
фотосесии да прави таа многу сака.
Со Цане и Соња редовно се кара,
подобри оценки секогаш си бара.П.С Шо е проблем… Кико, седејќи на место времетo му мина,
најмирен си беше, за ништо немаше вина.За ништо Кико не се замараше,
и книгите многу ретко ги отвараше.
P.S: Бегај бе. По долго време го пронајдов алманахот кој ме изнасмеа и присети на убавите моменти поминати во моето средно училиште…Немам Фејсбук, може звучи смешно, но во понеделникот добив повик на мобилен кој ме направи среќна и весела, еее Ева па од кога не сум ја видела и слушнала…ме покани за во сабота на 15 години прослава од матура..се израдував без размислување прифатив.

Пристигнав на пред кафаната ме обзема возбуда па и не се малку 15 години…Влегов и почнав да си го барам калост, четврто-девет, правници еве го Александар ооо оќелавел…Се изгушкавме  голем дел од класот беше и психички и физички поинаков. Неколку лика останле исти и психички се заробиле негде на 18 години, но тоа е…Еден здебелен, друг разведен, трет директор, а да и најаките женски останале шмизли, 5-торица заминале во странство по подобар живот…

Почнавме да се присетуваме на интересните моменти поминати со класната, за врскаџиите, за здружното киднување од час, љубовните врски….Ви текнува ли кога решивем на Бизнис да бегаме аман бе Ивана уште не ми е јасно зошто само ти остана, и што постигна? и се обрати Гоце, кој беше еден од најопуштените ликови во класот ама воопшто не се замараше со ништо, Ивана се насмевна и рече Бизнис ни беше пријателка семејна тоа го направив од почит, а ако кажев ќе ме направевте врскаџика…по толку години кажа зашто тоа го направила, па и олесна очигледно по нејзината реација…

Некој се надоврза на муабетот па почна да раскажува за Мартин кој не беше присутен на забавата ви текнува ли бе, дечки мајка му доаѓаше и со професорите се договараше која лекицја да му ја дадат за  доби 3-ка или 4-ка ахаха смешки, тогаш многу ме лутеше тоа и само се карав, ене сега слушам во банка бил некој лик тоа е нема правдина не значи ако си петки дека добор ќе звршиш во живтот..вака некако продолжи ноќта со музика, забава, смеење ова се моменти кои ќе те отргнат од  секојдневните проблеми на кои вреди да им посветиш внимание, ќе те потсетат на едно време кога ти си бил средношколец…

Извор: Skopjeinfo.mk

loading...

Коментирај