Премиерлигаш размислува за Стефан Ристовски?

0
525

Пред неколку дена медиумите во Португалија пишуваа дека Стефан Ристовски ќе потпише нов договор и ќе остане во тимот на Спортинг Лисабон, но сега се пишува нешто спротивно.

Наводно, интерес за македонскиот репрезентативец покажал тимот на Евертон и „карамелите“ покажале интерес да го видат во своите редови.

Евертон според информациите сака прво да го позајми Ристовски, а потоа и целосно да го откупи неговиот договор. Реализацијата на трансферот засега не изгледа едноставно затоа што Спортинг не сака договор кој би вклучувал позајмица.

Останува да видиме дали тренерот на „Карамелите“, Марко Силва сериозно ќе тргне по потписот на Ристовски или ќе се одлучи за друга опција за десната бековска позиција. Ристовски во медиумите пред некое време се поврзуваше и со клубови од Серија А.

Извор: sportski.mk

Коментирај